Мнозинство од Американците ја подржуваат идејата САД да располагаат со моќни вооружени сили и да бидат лидер на светската сцена, истовремено тие се залагаат за зголемување на трошоците за национална одбрана.

Ова се дознава од најновата „Реган анкета за национална одбрана“ (Reagan National Defense Survey).

И покрај тоа што Американците избраа претседател кој промовира агенда „Америка на прво место“, фокусирана на внатрешните проблеми како состојбата со економијата или имиграцијата, 57 отсто од испитаниците изјавија дека сакаат земјата да бидат поинтенизвно вклучена во меѓународните настани и да игра водечка улога во нив (минатата година оваа бројка беше 42 отсто).

Речиси 80 отсто од испитаниците го поддржаа зголемувањето на државните трошоци за вооружените сили на САД, што е малку повеќе од лани. Зголемувањето на воените трошоци се најде на прво место меѓу другите приоритети околу надворешната политика на САД, како што се промоција на слободата во странство (61 отсто) и обезбедување странска помош (43 отсто).

-Реган анкетата за национална одбрана покажува дека Американците не се пацифисти ниту изолационисти. Сакаме федералната влада да им служи на американските интереси и да ја заштитува нашата земја, изјави Бредлу Боуман, еден од советниците во подготовката на анкетата, јави „Гласот на Америка“.

Поголемиот дел од испитаниците изјавија дека се залагаат поддршката за Украина да продоложи и ја поддржуваат дозволата за Киев да користи американско оружје за удари во територијата на Русија. Истовремено, околу 60 отсто се за тоа Киев да започне мировни преговори, дури и ако тоа значи одрекување на дел од суверената територија.

Поддржувачите на поранешната кандидатка за претседател од демократите, потпретседателката Камала Харис, и републиканскиот кандидат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, значително се поделени во мислењата околу поддршката за Украина. За испраќање помош за Киев се изјасниле 74 отсто од гласачите на Харис, во споредба со 42 отсто од гласачите на Трамп.

Во однос на Израел, 54 отсто од испитаниците ја поддржуваат продолжената американска помош. Истовремено, 45 отсто од испитаниците сметаат дека Израел има право да ги продолжи воените дејствија, но исто толку сметаат дека воените дејствија на Израел во Газа отишле предалеку и треба да се случи прекин на огнот.

Околу половина од испитаниците сметаат дека САД ќе победат во конфликт со Кина, а речиси исто толку сметаат дека Кина е најголемата закана за САД.

Речиси три четвртини од испитаниците се изјасниле дека ако Кина изврши инвазија на Тајван, САД треба официјално да го признаат Тајван како независна држава. Две третини се согласија дека САД треба да одговорат со економски санкции против Кина, а повеќе од половината поддржуваат испраќање поголемо количество воена опрема на Тајван (56%) и распоредување повеќе воени сили и средства во регионот, како носачи на авиони (58%).

Поголемиот дел од испитаниците сметаат дека вооружените сили на САД треба да бидат доволно бројни за истовремено да победат во два потенцијални вооружени конфликти



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 22:57