Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека има „огромна шанса“ за инклузивен дијалог за политичката транзиција во новата ера на Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал Асад.

„Се надевам дека во сегашното опкружување ќе дојде до многу инклузивен дијалог“, рече Тирк на прес-конференција во Женева.

Посочувајќи дека има „големи шанси тоа да се случи“, тој укажа дека „тоа што првично го виделе навистина претставува соработка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 22:58