Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе го повика американскиот претседател Џозеф Бајден да разговараат за прашањето за покана на Украина во НАТО, пренесоа денеска украинските медиуми.
„Кога станува збор за поканата за НАТО, сè уште е тешко да се разговара со претседателот Трамп, бидејќи тој се уште не е во Белата куќа и ги нема сите законски овластувања. Ќе го поканам претседателот Бајден во блиска иднина да разговара со мене, доколку има можност и го покрене само прашањето за поканата за НАТО, бидејќи тој во моментов е актуелен претседател на САД и многу зависи од неговиот став“, рече Зеленски по средбата со кандидатот за нов германски канцелар Фридрих Мерц во Киев, пренесува Укринформ.
Според него, многу е важно постојано да се комуницира со американската страна.