Знамето на сириската опозиција е поставено на зградата на дипломатското претставништво на таа земја во Москва.
Руските медиуми претходно објавија дека од зградата на сириската амбасада во Москва се отстранети стандардното сириско знаме и таблата со името на дипломатската мисија.
Според информациите, обезбедувањето на амбасадата не е зголемено, светлата во зградата не се вклучени, а ситуацијата е мирна.
Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија одобрила политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство и оти таа одула ја донел претседателот на Русија, Владимир Путин.
- Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата, рече Песков.
Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.