Сириските бунтовници кои го соборија претседателот Башар ел Асад изјавија дека нема да воведуваат верски кодекс за облекување на жените и дека ќе гарантираат лична слобода за сите.

„Строго е забрането вмешување во облекувањето на жените или наметнување какви било барања во однос на нивниот изглед,“ стои во соопштението на Генералната команда на бунтовниците.

Тие истакнаа дека личната слобода ќе биде темел на изградбата на цивилизирана нација. Лидерот Абу Мохамед ал Голани, кој влезе во Дамаск, изјави дека се залага за плурализам и толеранција.

Инаку, Голани, водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД ја сметаат за терористичка организација, долго време се обидува да го промени својот имиџ, јавно се откажа од врските со Ал Каеда и се обидува да се претстави како прагматичен и толерантен лидер.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 23:41