Холандскиот возач, Макс Верстапен не само што освои нова шампионска титула во Формула 1, туку заработи и најмногу пари од сите пилоти во „најбрзиот циркус на светот“.
Според податоците кои ги објави магазинот „Форбс“, Холанѓанецот само од актуелниот договор заработил 60 милиони евра, а од бонуси и премии додал уште 15 милиони евра.
Верстапен трета година по ред е најплатен Формула 1 возач според информациите на специјализираниот економски магазин.
Зад него на оваа листа на најплатени Формула 1 возачи е Британецот Луис Хамилтон од Ферари, кој заработи 57 милиони евра, од кои 2 милиони се бонуси.
Третата позиција е за Ландо Норис, кој инкасирал 35 милиони евра (12+23), четврти е Фернандо Алонсо со заработени 27,5 милиони евра (24+3,5), додека Шарл Леклер заработил 500.000 евра помалку на петтата позиција (15+12).