Леброн Џејмс Џуниор постави нов личен рекорд по бројот на поени во развојната лига на НБА.

Популарниот Брони не добива голема минутажа во Лејкерс. Во последно време тој игра исклучиво во Џи лигата за тимот од Западниот брег, но веќе покажува добри игри.

Брони беше најдобриот поединец во поразот на Саут Беј Лејкерс против Вали Санс, постигнувајќи дури 30 поени за 25 минути поминати на теренот.

Брони играше како вистински лидер. Откако влезе во историјата со својот татко, каде што станаа првите татко и син кои играа заедно на натпревар во НБА, Брони го собори и неговиот личен рекорд.

Претходно имаше најдобар поентерски учинок од 16 поени, а сега тоа го надмина и тоа со голема разлика. Брони моментално има просек од 14 поени во Џи лигата.

Сè уште не е подготвен за НБА, но ако продолжи да се развива вака, наскоро ќе се врати во најдоброто кошаркарско првенство на планетата



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2024 16:56