Синоќа во 21.00 часот на Транспортен центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ц.Ш.(47) од Република Албанија.

Од МВР денеска соопштија дека тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил џепна кражба , при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници. Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2024 13:02