Eден маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес. И покрај интервенцијата на Територијалната Против Пожарна Единица Велес која по дојавата за пожарот во куќата излегла веднаш на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.

Како што информираат од ТППР Велес, по пристигнување на лице лице место, пожарот бил затекнат во развиена фаза во една просторија каде што било пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа.

Во 19.40 часот бил повикана лекарска екипа од Брза помош,која за жал само констатирала смрт кај лицето,информираат за МИА од Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2024 04:06