Во пожар во куќа во Скопје што се случил ноќеска починало едно лице, а едно е хоспитализрано со симптоми на гушење.
Како што соопшти МВР, на 18.12.2024 во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).
-При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, наведуваат од МВР.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје