Ситуацијата со европските земји, кои купуваат руски гас, е многу комплицирана и бара зголемено внимание, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на Словачка, Роберт Фицо вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Фицо наведе дека Путин ја потврдил подготвеноста на Москва да продолжи да испорачува природен гас за Словачка. Сепак, словачкиот премиер додаде дека тоа е „практично невозможно“, бидејќи договорот за транзит на гас меѓу Русија и Украина истекува на крајот на годината.
Украина одби да го обнови договорот за транзит на гас. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски минатата недела изјави дека ќе биде можно да се обнови договорот, но само под услов да не и биде платен гасот на Русија до крајот на војната.
- Ја слушнавте изјавата на украинската страна и ги знаете ставовите на оние европски земји, кои продолжуваат да купуваат руски гас и кои сметаат дека тоа е неопходно за нормално функционирање на нивните економии, посочи Песков.