Фридрих Мерц, потенцијален иден канцелар на Германија, изјави дека буџетските цели за одбрана треба да се засноваат на реални потреби, а не на апстрактни бројки. Неговата изјава следи по барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој побара земјите на НАТО да издвојуваат 5 отсто од својот БДП за одбрана.

- Бројките од 2%, 3% или 5% се ирелевантни. Клучно е да ги правиме неопходните чекори за нашата безбедност“, изјави Мерц за германското радио „Бајерн 2“.

Мерц додаде дека Германија, иако формално ја има достигнато целта од 2 отсто, тоа се должи на специјалниот фонд формиран по руската инвазија врз Украина.

Според него, фокусот треба да биде на обновување на одбранбените капацитети на Германија и НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2025 03:20