Рамномерниот развој е цел која тешко може да се достигне и во најразвиените држави, но со правилно насочени политики може да се доближи развојот на регионите во државата, истакнал министерот за локална самоуправа, Златко Перински на денешната 39.седница на Советот за рамномерен регионален развој.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на седницата, која е прва во 2025 година, а втора откако со неа претседава министерот Перински, Советот едногласно ги усвоил одлуките со кои се одредуваат индикаторите за определување на подрачјата со специфични развојни потреби и листата со подрачја со специфични развојни потреби. Листата се ажурира на секои пет години согласно Законот.

-Како што најавив пред еден месец на седницата на Советот кога прв пат претседавав со неа, ќе се состануваме со зголемена динамика за разлика од претходниот период со цел да дискутираме, одлучуваме и работиме во насока на поттикнување на развојот во сите општини и плански региони, соодветно на потребите на граѓаните. Рамномерниот развој е цел која тешко може да се достигне и во најразвиените држави, но со правилно насочени политики може да се доближи развојот на регионите во државата, нагласил министерот Перински.

Советот за рамномерен регионален развој е координативно тело меѓу надлежните министерства што имаат буџетски програми со влијание на регионалниот развој, но обезбедува и координација со Советите за развој на планските региони, каде членуваат градоначалниците од соодветниот плански регион. Од претходната седница, во Советот членуваат и министрите на новите министерства, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за спорт, согласно со последните измени на Законот за рамномерен регионален развој со кој е направено усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

На предлог на Советот за рамномерен регионален развој, Одлуките ги донесува Владата



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 16:56