Истражителите пронајдоа птичји перја и крв во два мотори на авионот „Боинг 737-800“, кој се урна во Јужна Кореја кон крајот на декември, изјави за светските медиуми лице запознаено со истрагата.
Министерството за транспорт на Јужна Кореја се уште не ги коментира овие наводи.
Во авионската несреќа на патничкиот авион „Боинг 737-800“ на јужнокорејската компанија „Џеџу ер“ на линијата од Бангкок до Муан, на 29 декември, загинаа 179 лица, а две лица беа спасени, соопштија властите во Сеул. Авионот принудно слета, удри во бетонски ѕид, експлодира и се запали.
Медиумите пренесуваа дека можни причини за несреќата можеле да бидат удар со птици, проблеми со тркалата или ѕид на крајот од пистата.