Тренерот на Наполи, Антонио Конте во пресрет на натпреварот од Серија „А“ против Аталанта изјави дека неговиот тим ќе биде поинаков без напаѓачот на заминување, Хвича Кварацхелија.

-Освоивме 47 поени, кои се резултат на многу напорна работа. Ако треба објективно да анализираме и да го споредиме овој тим со шампионскиот, недостигаат Квара, Ким, Осимхен и Зелински. Исто така, Марио Руи и Елмас. Секој може направи математика сега дали тимот е ослабен или посилен. Сега сме поинаков тим, со заминувањето на Кварацхелија сме сосема поинакви и мора да работиме уште повеќе. Затоа што знаеме дека само работата не држи на врвот и ние сме тимот кој најдолго се задржа на првото место. Подготвени сме да ги дочекаме следните 18 натпревари, прокоментира поранешниот селектор на Италија, цитиран од весникот „Газета дело спорт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2025 04:00