Бешикташ има нов тренер. По раскинувањето на соработката со Џовани ван Бронхорст, раководството на турскиот клуб назначи нов главен тренер, а се работи со прославениот Оле Гунар Солскјер.
Бешикташ во текот на утрото на социјалните мрежи објави дека влегле во преговори со поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, а во раните попладневни часови беше објавена соработката со него.
Не беше прецизирано колку долго Бешикташ го потпишал договорот со Норвежанецот, кој претходниот ангажман го имаше пред нешто помалку од четири години, но светските медиуми објавија дека соработката била договорена до јули 2026 година.
Оле Гунар Солскјер, кој покрај Јунајтед од клупата ги предводеше Кардиф и Молде, го презема Бешикташ, кој моментално е на шестото место во турскиот шампионат со 30 бодови.
Сезонава Бешикташ забележа осум победи, шест нерешени и четири порази, што не е резултат со кој може да се пофали сопственикот на 16 национални титули