Израелската крајнодесничарска партија „Оцма јехудит“ (Еврејска моќ) денеска објави дека ќе ја напушти израелската коалициска влада предводена од Бенјамин Нетанјаху. Партијата објави дека нејзиниот лидер и министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир утре ќе се повлече од функцијата министер за национална безбедност, објавија израелските медиуми.

Тие сметаат дека е неприфатлив прекинот на огнот со Хамас.

-Партијата „Оцма Јехудит“ утре наутро ќе поднесе оставка од владата и коалицијата, а министрите Бен Гвир, Јицак Васерлауф и Амичаи Елијаху, како и Пратениците Звика Фогел, Лимор Сон Хар-Мелех и Јицак Кројзер ќе ги напуштат своите позиции, објави државната мрежа, повикувајќи се на соопштение на партијата.

Бен Гвир претходно во четвртокот ја изрази својата намера да поднесе оставка од функцијата министер за национална безбедност и неговата партија да ја напушти коалициската влада доколку се одобри договорот со Хамас.

Израелската влада одобри прекин на огнот и договор за размена на затвореници за време на неколкучасовниот состанок на владата



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2025 06:29