Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе се погрижи Израел да го има потребното оружје и муниција, додавајќи дека Израел го задржува правото да ја продолжи војната во Газа доколку е потребно.
Во своето прво обраќање до нацијата по договореното примирје и враќањето на израелските заложници од Газа, тој рече дека и Трамп и претседателот во заминување Џозеф Бајден целосно ја поддржуваат целта на војната. Со помош на двајцата, како што рече, е постигнат договор за прекин на огнот.
-Тие сега навистина ќе го ценат она што го правиме, додаде тој. Првата фаза од прекинот на огнот, кој треба да стапи на сила утре, тој ја нарече „привремена“.
Тој рече дека 33 „браќа и сестри“ ќе се вратат дома - повеќето од нив се уште се живи - поради „непоколебливиот став на Израел“, јавува Би-Би-Си.
Завршувајќи го својот говор, Нетанјаху ги истакна успесите на воената операција во изминатите 15 месеци - вклучувајќи го и убиството на Јахја Синвар, лидерот на Хамас.
-Го променивме личниот опис на Блискиот Исток, рече тој, додавајќи дека како резултат на тоа, Хамас сега е „целосно сам на линијата на фронтот“.
Нетанјаху рече и дека во договорот за прекин на огнот со Хамас успеале да ја натераат исламистичката организација да се согласи со услови на кои тие претходно одбивале да се согласат.
Потоа и се заблагодари на земјата за поддршката во последните 15 месеци од војната.