Американскиот народ го кажа своето, рече новиот американски претседател Доналд Трамп на крајот од својот инаугуративен говор.
- Стојам пред вас како доказ дека никогаш не треба да верувате дека нешто е невозможно да се направи. Во Америка, тоа што го правиме најдобро е да го правиме невозможното, рече Трамп.
Тој заклучи дека Америка нема да биде освоена или заплашена.
- Нема да пропаднеме. Од овој ден, Соединетите Американски Држави ќе бидат слободна, суверена и независна нација, вели тој.
- Иднината е наша, а нашето златно доба само што почна, истакна Трамп на крајот од својот говор.