Младите луѓе во Германија често имаат различно мислење за надворешната политика во споредба со другите луѓе, посебно тие што користат ТикТок, покажуваат резултатите од најновата анкета.
Дури 67 проценти од испитаниците на возраст меѓу 16 и 29 години се согласуваат со изјавата дека Кина е диктатура, а 62 отсто од корисниците на ТикТок се согласуваат, процент од сите испитаници, без оглед на нивната возраст и дали користат ТикТок имаат ист став.
Сличен тренд е забележан и во однос на руската инвазија врз Украина. Иако 70 отсто од луѓето на возраст од 16 до 29 години се согласуваат дека „Русија води нелегална војна против Украина“, а процентот на оние кои се согласуваат во сите групи е поголем и изнесува 78. Меѓу корисниците на ТокТок, уделот се намалува на 66 отсто.
Анкетата покажува дека влијанието на ТикТок се протега надвор од надворешната политика, односно 25 проценти од сите испитаници веруваат дека пандемијата на коронавирус е намерно создадена за да се наметне поголема контрола врз населението. Ова мислење го делат 44 отсто од корисниците на ТикТок.
- Младите луѓе се значително поподложни на дезинформации и ТикТок има клучна улога во тоа. Не смееме да дозволиме кинеските и руските дезинформации да се шират понатаму меѓу нас, изјави потпретседателката на Фондацијата Фридрих Науман, Сабине Лојтхаузер-Шнаренбергер.
Анкетата е спроведена од Институтот Аленсбах во име на Фондацијата Фридрих Науман од 28 ноември до 4 декември 2024 година. Во истражувањето учествувале 2.092 луѓе.
Апликацијата ТикТок е во сопственост на кинеската „БајтДанс коперејшн“ (ByteDance Corporation).