Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска изјави дека Франција и Европа мора заеднички да се спротивстават на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата политика, во спротивно ќе се соочат да бидат „здробени“.

„САД одлучија да водат исклучително доминантна форма на политика, преку доларот, преку својата индустриска политика, преку фактот дека можат да ги 'заробат' глобалните инвестиции и светските истражувања“, рече Бајру.

Тој истакна дека нешто мора да се преземе околу ова прашање. „Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна - ќе има доминација над нас. Ќе бидеме згазени, маргинализирани. Како ќе реагираме е одлука која зависи од францускиот народ и Европа, бидејќи очигледно, без Европа, не можеме ништо да направиме“, додаде тој.

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47. претседател на САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 04:37