Реакторот во нуклеарната централа Тиханге, во близина на Лиеж, се исклучи денеска, рано утринава, поради неисправна пумпа, јави агенцијата Белга.

Нема опасност за луѓето и околината и снабдувањето е безбедно, соопшти операторот Енџи, додавајќи дека се обидуваат да утврдат зошто откажала пумпата.

Белгија има вкупно седум реактори во две нуклеарни централи, од кои две веќе престанаа да работат.

Овој реактор со неисправна пумпа во гратчето Хују, во близина на Лиеж, треба да биде затворен во октомври, а до 2035 година сите останати.

Белгија постојано има проблеми со реакторите, вклучително и оштетени бетонски делови.

Електраната „Тиханге“ се наоѓа на околу 60 километри од германскиот град Ахен, чии власти заедно со владата во Берлин во неколку наврати ги повикуваат белгиските соседи да ги затворат сите нуклеарни централи



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 04:42