САД ќе останат еден од најблиските и незаменливи сојузници на Германија, без разлика кој е актуелен претседател, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц во денешниот говор на Светскиот економски форум во Давос, јави ДПА.

Континуираната блиска соработка и партнерство е во интерес и на САД и на Германија, рече Шолц. Но, исто така, тој додаде дека не треба да има лажни обиди за „задоволување“ или „слатко зборување“ на новиот американски претседател Доналд Трамп.

-Не секоја прес-конференција во Вашингтон, не секој твит треба веднаш да не втурне во жестоки, егзистенцијални дебати. Ова важи и по промената на власта што се случи вчера во Вашингтон, рече Шолц, осврнувајќи се на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според негово мислење, Трамп и неговата влада ќе го држат светот на работ во годините што следат, пренесе ДПА.

-Ние можеме и ќе се справиме со сето ова, рече тој.

Германскиот лидер рече дека соработката меѓу европските сојузници и САД е суштинска за мирот и безбедноста во светот и двигател за успешен економски развој.сд



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 22:59