Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум апелираше да се „задржи ладна глава“ пред првите одлуки на американскиот претседател Доналд Трамп, кои директно ја засегаат нејзината земја, еден од главните партнери на САД.

-Важно е секогаш да се има ладна глава и да се држиме до потпишаните декрети, надвор од говорите, рече националистичката левичарска претседателка за време на нејзината редовна утринска прес-конференција.

Таа рече дека извршната наредба на Трамп за прогласување национална вонредна состојба на јужната граница на САД со Мексико е практично иста како онаа потпишана за време на неговиот прв мандат. За преименувањето на Мексиканскиот Залив во Залив на Америка, таа рече дека САД можат така да го наречат, но дека нема да го смени тоа што го нарекува Мексико и светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2025 05:00