Околу 47 отсто од Американците го одобруваат претседателствувањето на Доналд Трамп по неговото враќање во Белата куќа оваа недела, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Според американски медиуми, тоа е знак за континуирана поларизација во американското општество по победата на републиканците на претседателските избори во ноември лани.

Анкетата, спроведена во првите два дена од неделата по инаугурацијата на Трамп, покажува дека неговата популарност е поголема отколку што беше во поголемиот дел од неговиот прв мандат во 2017 година до почетокот на 2021 година

Но, резултатите од истражувањето значат и дека Американците веќе се незадоволни од некои од неговите први чекори како американски претседател - околу 58% од испитаниците велат дека Трамп не требало да ги помилува сите осудени за злосторства за време на упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Само 29% од испитаниците го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со прашањето за политизирање на судскиот систем.

Испитаниците се поповолни за пристапот на Трамп кон другите прашања. Околу 46% од испитаниците на анкетата го одобруваат неговото справување со имиграцијата, прашање што многу Американци би сакале да го видат како главен приоритет за новата американска администрација.

Околу 58% од испитаниците се согласуваат дека САД треба „драстично да го намалат бројот на имигранти кои можат да бараат азил на границата“ - сигнал што покажува јасна поддршка за првите потези на Трамп во почетокот на неговиот мандат за да се дозволи поднесување барања за азил на границата со САД. зш



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2025 16:41