Нури Шахин е разрешен од тренерската функција во Борусија Дортмунд, објави „Sky Sport Germany“ на социјалната мрежа Икс.
Според германскиот медиум, турскиот фудбалски специјалист дознал за отказот синоќа, веднаш по поразот од Болоња во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите.
Борусија загуби четири натпревари по ред. Тимот во моментов го зазема десеттото место во Бундеслигата, со 25 бодови.
Минатото лето Шахин ја презеде тренерската функција во Борусија Дортмунд, на местото на Един Терзиќ, кому претходно му асистираше.