Возачот на автомобилот што удри во група луѓе во Ајндховен во средата е 25-годишен маж од Белгија, кој ѝ се предаде на полицијата во четвртокот попладне и во моментов е во притвор, соопшти денеска локалната полиција.

Инцидентот се случил по расправија во кафуле, кога маж бил исфрлен од објектот поради навреда на вработените, објави NL Times.

Расправијата прераснала во тепачка при што мажот со својот автомобил влетал во толпата на улица, а потоа избегал.

Полицијата тогаш уапси две лица на местото на настанот. Едниот е осомничен за упатување закани, а другиот, според полицијата, „многу се мешал при апсењето поради што и тој бил уапсен“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2025 05:49