Сириските власти запленија пратка оружје за милитантната група Хезболах во Либан, јави денеска сириска новинска агенција.

Оружјето наводно било испратено преку шверцерски рути на либанско-сириската граница, во областа на пограничниот град Саргај.

Сликите објавени од агенцијата покажуваат неколку јуришни пушки, РПГ фрлачи и муниција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2025 13:54