Најмалку 18 лица го загубија животот денеска во експлозија на камион цистерна со гориво во нигериската држава Енугу, соопшти Националната агенција за безбедност на патиштата.

Портпаролот на агенцијата, Олусегун Огунгбемиде изјави дека 10 лица биле спасени со различен степен на повреди, додека други три останале неповредени.

„За жал, преостанатите 18 жртви беа изгорени до непрепознатливост“, рече Огунгбемиде.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2025 13:37