До 30.000 полски граѓани во САД би можеле да бидат погодени од најавената акција на американските власти против илегалните имигранти, според проценката на полската влада.
- Тоа најчесто се Полјаци кои патувале во САД во 1990-тите и не се грижеле за нивниот миграциски статус, изјави денеска заменичката-министерка за надворешни работи Хенрика Мошицка-Дендис за радио станицата Tok.fm.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да преземе ригорозни мерки против имигрантите кои влегуваат во земјата илегално или кои веќе се во САД без валидна дозвола за престој.
Најавата за построга американска имиграциска политика се следи со загриженост во Полска, пренесе ДПА. На почетокот на неделата премиерот Доналд Туск му наложи на министерот за надворешни работи Радослав Сикорски да ги подготви конзулатите во САД за евентуална депортација на полски граѓани.