Русија се уште нема добиено сигнали од САД за евентуален контакт или средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков посочи дека Путин се уште е подготвен да се сретне со Трамп за да разговараат за прашања кои се во интерес на двете земји, пренесуваат руските медиуми.
„Досега не добивме никакви сигнали од Американците. Значи, работиме, како што тие велат, според нашиот распоред. Останува подготвеноста. Истата подготвеност, колку што слушнавме, се одржува (во САД). Очигледно, потребно е одредено време“, посочи портпаролот на Кремљ.с