Израелските медиуми денеска објавија дека Хамас наводно спроведувал процес на „забрзана рехабилитација“ на заложниците пред нивното ослободување.

На заложниците им била давана нутритивна храна и стимулативни средства непосредно пред ослободувањето со цел да се создаде впечаток дека биле добро третирани.

Но, ослободените заложници тврдат дека биле држени во тешки услови, во тунели и кафези, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2025 14:17