Раководството на Ливерпул категорично го одби Реал Мадрид за трансфер на Трент Александер-Арнолд во јануари, пишува Фабрицио Романо.

Шефовите на „Лос Бланкос“ се надеваа дека ќе го ангажираат десниот бек по значително намалена цена за „црвените“ да не го изгубат без пари за неколку месеци кога ќе му истече договорот.

Реал Мадрид се обидува да ја засили одбраната откако во последните месеци ги загуби Едер Милитао и Дани Карвахал поради повреди на коленото.

Очекувањата се и двајцата да се опорават за стартот на следната сезона. Сепак, од „Сантијаго Бернабеу“ остануваат уверени дека на лето ќе успеат да го привлечат Трент Александер-Арнолд.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2025 13:41