Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу ќе биде поштеден и по последниот пораз на тимот - 1:2 од Лестер во неделата, тврди веб-страницата „фудбал.лондон“.
Предметниот пораз е шести во последните седум натпревари во Премиер лигата, по кој тимот од главниот град сега е на 15. место.
Трпението на многу навивачи одамна е при крај, но претседателот на клубот Даниел Леви очигледно сè уште го има.
Распоредот на Тотенхем не е лесен. Во четврток, тимот му гостува на Елфсборг за Лига Европа, но потоа, за околу една недела, следуваат три гостувања кај Брентфорд (Премиер лига), Ливерпул (Лига Куп) и Астон Вила (ФА Куп).