Нико Ковач (53) останува фаворит за тренерската позиција во Борусија Дортмунд по отказот на Нури Сахин.
-Моменталниот тренд е дека Мајк Тулберг ќе седне на клупата против Шахтјор Доњецк и Хајденхајм, а потоа ќе се врати да го води тимот до 19 години. После тоа, главен фаворит останува Нико Ковач, пишува германскиот весник „Билд“.
Тулберг привремено го замени Сахин и го предводеше тимот во ремито 2-2 на домашен терен против Вердер Бремен во саботата во Бундеслигата.
Борусија Дортмунд во среда му гостува на Шахтјор Доњецк во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите, а в сабота гостува кај Хајденхајм во 20. коло од германскиот шампионат.
За иден тренер на тимот се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и тоа на Ерик тен Хаг, но засега водечка опција останува назначувањето на Нико Ковач до крајот на сезоната