Противењето на Грција за продажбата на проектили Метеор на Турција од конзорциум во кој учествува и Франција, го изразил грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас до француската амбасадорка во земјата Лоренс Оер, јави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас на социјалните мрежи објави дека во Министерството за одбрана се сретнал со француската амбасадорка од која побарал „официјално известување за информациите за продажба на проектили МЕТЕОР на Турција, од конзорциум во кој учествува Франција“.
-На амбасадорката на Франција ѝ го изразив силното противење на Грција за таквата можност, што не е во согласност со досегашните одлични стратешки односи меѓу двете земји, напиша Дендиас.