Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот за уште 30 дена на осомничените за уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Предлог за продолжување на притворот е поднесен против сите десетмина осомничени на кои со судска одлука минатиот месец им беше одреден притвор.
Неодамна беше поднесен обвинителен акт и против 13 лица.
Двајца осомничени се во куќен притвор, а поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ се брани од слобода откако му беше укинат притворот