Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс одби вајлд-карта за учество на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, САД.

- Не е точно дека ќе учествувам, изјави Венус за информацијата за нејзиното учество на турнирот во Индијан Велс.

Американката три пати стигна до полуфиналето на турнирот во Индијан Велс: во 1998, 2001 и 2018 година. Минатата година таа влезе на турнирот како вајлд-карта.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2025 12:41