Чешката тенисерка Петра Квитова го одигра првиот свој меч по породилното отсуство.

Триесет и четиригодишната Квитова во првото коло во Остин вчеравечер загуби од 189-та рангирана во светот Џоди Ен Бураж – 6:3, 4:6 и 4:6.

- Во суштина, не очекувам ништо. Јас сум тука - тоа е веќе големо достигнување. Мислам дека би зажалила доколку не се вратев. Не си поставувам цели, никогаш нема да играм толку добро како кога освојував турнири. Сакам да уживам во играта и мислам дека ќе треба време. Ми недостига тенисот, го сакам од мојата четврта година. Така, мислам дека љубовта кон спортот ме врати назад. Не знам колку долго ќе уживам и како ќе се чувствува моето тело, изјави Квитова.

Поранешната светска тенисерка број 2 роди син во јули минатата година



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2025 12:07