Работнички 71&22 е последниот патник во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција.

Одбојкарите на Работнички ја комплетираа полуфиналната „четворка“, откако синоќа во последното четвртфинале со 3:0 (25:23, 28:26, 25:19) ја победија Шкендија во Тетово.

Со тоа, Работнички им се приклучи на одбојкарите на Струмица, Борец Велес и Штип Угд на завршниот турнир.

Домаќин на финалниот турнир ќе биде Штип



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2025 16:32