Сузана Максимовска од ВМРО ДПМНЕ е нов член на советот на општина Куманово. Денеска ѝ беше верифициран мандатот на новата советничка која доаѓа на местото на Дејан Јовановски кој поднесе оставка поради професионални обврски.
Максимовска е професорка по македонски јазик и литература во државното стручно училиште регионален центар за стручно образование „Киро Бурназ“ Куманово. Таа беше претседателка на Унијата на жени на локалното ВМРО ДПМНЕ Куманово.
Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ коалицира со Коалицијата „За наше Куманово“ и со советниците од Алтернатива и Алијанса на Албанците и Движење БЕСА и е мнозинство во советот кој брои 33 советника во Куманово.