Полициски службеници од СВР Велес вчера во 8:00 часот го лишиле од слобода Б.А.(51) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен простор на Градскиот пазар во Велес, кој го користела А.Ш.(62) од Велес, одзел предмети.
Предметите, како што информира МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Б.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.