Вработена во јавното претпријатие „Колектор“ во Струга вчера на работното место била нападната од лице од струшкото село Калишта.

СВР Охрид денеска соопшти дека во 12 часот и 30 минути во службена просторија на јавно претпријатие во Струга, М.М. од струшкото село Калишта го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Тој, како што е наведено, се обидел физички да нападне вработена во претпријатието.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2025 20:52