Седум хрватски навивачи се уапсени по натпреварот Франција-Хрватска одигран вчера на „Стад де Франс“, поради нацистички поздрав.

„Седум лица се уапсени поради нацистички поздрав за време на натпреварот. На овие личности не им е местото во спортската арена“, напиша началникот на париската полиција Лоран Нуњез на социјалната мрежа Икс.

Тој им честиташе на полициските сили кои обезбедија непречено одвивање на натпреварот.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како група хрватски навивачи маршираат во полициска придружба пред натпреварот Франција - Хрватска.

Франција ја совлада Хрватска со 2:0 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации, а потоа победи на пенали со вкупни 5:4, обезбедувајќи пласман на Фајнел-форот. Хрватска го доби првиот натпревар во Сплит со 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2025 00:16