Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на денешната редовна прес-конференција изјави дека Велика Британија и Франција планираат „воена интервенција во Украина“ под превезот на мировна мисија.
„Сакам уште веднаш да посветам внимание на фактот дека Русија е категорично против такво сценарио, што може да доведе до директен судир меѓу Русија и НАТО“, рече таа, коментирајќи ја иницијативата на некои европски земји да испратат воен персонал во Украина како мировни сили на „коалицијата на подготвените“.
Според неа, Лондон ја разбира опасноста од предложената иницијатива за испраќање мировни сили во Украина и затоа „кукавички ја покренува“ идејата за „обезличување“ на воената униформа на можниот западен контингент во земјата, што подразбира одбивање да се користат карактеристични ознаки.
„Ние разбираме зошто го прават тоа. Тие сакаат да провоцираат Европа да влезе во крвав судир со Русија. Потсетувам дека Лондон ја напушти Европската унија. А сега златниот сон, откако ја превртеа економијата на Европската унија, е да го турнат и целиот европски континент кон пропаст“, рече портпаролката на руското МНР