Повеќе од 300 лица се уапсени во седум африкански земји, а речиси 2.000 електронски уреди се запленети за време на голема меѓународна операција за борба против кибер криминалот, соопшти денеска Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол).

Операцијата „Црвен картон“, спроведена меѓу ноември и февруари, имаше за цел откривање „измама која вклучува мобилно банкарство, инвестиции и апликации за размена на пораки“, се вели во соопштението на Интерпол, чие седиште е во Лион.

За четири месеци, властите во Бенин, Нигерија, Руанда, Того, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка и Замбија „уапсија 306 осомничени, запленија 1.842 уреди и открија измами со повеќе од 5.000 оштетени“, се додава во соопштението



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2025 00:20