Обединетите Арапски Емирати му врачија денеска отказ на селекторот Пауло Бенто, иако репрезентацијата ги одржа шансите за директен пласман на Светското првенство со победата (2-1) над Северна Кореја во Ријад.
Репрезентацијата на ОАЕ предводена од португалскиот стратег Бенто дојде до победата со последниот удар на натпреварот и со тоа остана на третото место во групата А во азиската зона со 13 бодови, четири помалку второпласираниот Узбекистан со преостанати две кола. Двата тима ќе се сретнат во директна пресметка на 5 јуни.
„Фудбалскиот сојуз на ОАЕ одлучи да го отстрани селекторот на фудбалската репрезентација – Португалецот Пауло Бенто, како и луѓето од неговиот штаб. Причината е што тимот има само илузорни шанси директно да се пласира на Светското првенство“, се вели во објавата на федерацијата на социјалните мрежи.