Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.
Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.
„Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.
Земјотресот предизвика уривање на мостови и неколку згради низ Мјанмар, вклучително и во Нејпидо, главниот град на земјата, објави весникот „Global new light od Myanmar“.
Црвениот крст соопшти дека во земјотресот се оштетени и урнати зградите и јавната инфраструктура и изрази загриженост за состојбата на браните