Инвестициската банка Џеј Пи Морган пред денешното отворање на американските берзи соопшти дека сега проценува 60 отсто ризик глобалната економија да влезе во рецесија до крајот на годината.

Ова е значително зголемување во однос на претходната проценка од 40 отсто, која банката ја презентираше на 12 март.

- Дестабилизирачките политики на САД со месеци се препознаваат како најголем ризик за глобалната перспектива, изјави Брус Касман, главен економист и раководител на глобалните економски истражувања во Џеј Пи Морган, во изјава за Блумберг.

- Најновите вести само ги зајакнуваат нашите стравови бидејќи американската трговска политика се развива во насока што е значително понеповолна за деловниот сектор отколку што очекувавме, додаде тој



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2025 05:06