Декрететот на Владата на Романија со кој одредени кривична дела се ослободуваат од одговорност, како и одредени затворски казни кои ги одлежуваат затворениците се укинуваат или преполуваат, предизвикаа бес и револт кај граѓаните на Романија кој го изразија преку масовни протести главно во Букурешт но и во сите други поголеми градови во Романија.

Светските медиуми пренесуваат дека на протестите има повеќе од 250 илјади демонстрати и дека овие протести се најмасовни протести по падот на комунизмот во 1989 година.

Романските новински агенции пак пренесоа дека повеќе од 80 лица се приведени на сослушување по судирите на плоштадот во Букурешт додека десетици лица се повредени меѓу кои има и полицајци.

Протестите започнаа кога група демонстранти започнале да маваат со шишиња, петарди и камења кон припадниците на безбедносните сили, на што било соодветно одговорено од страна на припадниците на полицијата, фрлајќи солзавец кон протестантите.

Кабинетот на новиот премиер Сорин Гриндеану во јануари претстави нацрт-закон, со кој планира да ја декриминализира злоупотребата на позицијата што создава штета од најмалку 200 илјади леи (околу 47 илјади долари). Новата администрација планира и да ги помилува затворениците со казни помали од 5 години за одредени злосторства, и да им ги преполови казните на затворениците постари од 60 години, оние со терминални болести или со деца за кои треба да се грижат, независно од злосторствата.

Предлог законот наиде на остра реакција од страна на сите власти во Романија вклучувајќи го и Претседателот, Државниот обвинител, Врховниот суд, Антикорупциски обвинител и Шефот на управата за борба против организираниот криминал, како и на цела меѓународна заедница.

Над 250 илјади демонстранти направија хаос во Романија (ФОТО)


Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2017 00:38